Bristot Tiziano Riserva 2000g
- Estimated Delivery : 1 to 3 business days
- Free Shipping: On all orders over 1500 den
Типологија: Печени кафе зрна
Ноти на: Кандиран Портокал, Темно Чоколадо, Потпечени Ореви
Количина: 1
Нето тежина: 2000 гр.
Опис: Инспирирано од основачот на Bristot, Domenico Bristot, оваа мешавина совршено ја комбинира рафинираната киселост од етиопските зрна кафе од регионот Sidamo и нотите на засладени портокали, со зачини и вкусови на јаткасти плодови од индиски и централно-американски високо-квалитетни зрна кафе. Совршено избалансирано и деликатно еспресо.
Совршеноста на ова кафе зависи од потеклото на билката. Квалитетот и биолошкиот состав на зеленото зрно се под влијание на многу фактори: надморска висина, клима, плодност на почва како и методи на берење и начин на одгледување на зрното. Како резултат на тоа, одбрани се исклучиво најквалитетните зрна од различно потекло за да се добие престижен совршен спој за првпат создаден од Domenico Bristot.
Bristot Tiziano 1919 Riserva е луксузно ексклузивно кафе, се одликува со иновативен метод на пакување кој придонесува за целокупна совршеност и со ограничено производство. Веднаш по процесот на печење се започнува пакувањето на кафето во лименка од 2 кг. во заштитна атмосфера. Овој процес овозможува кафето да созрева во модифицирана атмосфера во која аромата постојано се развива и подобрува. Како маслото станува побогато и аромата се подобрува така овие карактеристики подоцна се пресликуваат во шолјата со кафе. Резултатот е богато и избалансирано еспресо со полно тело, одлична киселост и ноти на темно чоколадо и портокал.
Reviews
There are no reviews yet.